На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 821 пациент, слободни кревети има

Сподели

 

 

 
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 821 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 82 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 55 болни, а во Куманово 111 пациенти позитивни и суспектни о на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 64, а во Струга 38 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 64 пациент, во Кочани 17 во Кичево 10, Кавадарци 56,  во  Гевгелија 18 лица, а во Дебар 7 позитивни  и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
 
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1301 и има околу 190 празни болнички кревети во ковид центрите.
 
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
 

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

 
denesmagazin.mk