На плоштад Македонија ќе се следи затемнувањето на сонцето

Сподели

 

Денеска од Македонија ќе може да проследиме делумно затемнување на Сонцето – настан кој ретко се случува, а уште поретко може да се набљудува од кај нас, објавија на фб од Скопското астрономско друштво.

За Скопје, настанот ќе почне во 11:27 по локално време, кога Месечината ќе почне да го „нагризува“ Сонцето. Максимумот од околу 30 посто ќе се случи во 12:34 часот, а целиот настан ќе заврши во 13:42 часот.

-Нашето друштво со дел од својата опрема ќе биде на плоштадот Македонија, во Скопје во текот на целиот настан. Таму ќе можете безбедно преку соодветна опрема на телескопите одблизу да го погледнете ова несекојдневно случување, велат од скопското астрономско друштво и предупредуваат.

– Немојте да го гледате директно Сонцето без соодветна заштитна опрема, особено не преку било какво оптичко помагало зошто може да има многу несакани последици.

Фото колаж: Мартин Стојановски, Колажот е од едно претходно затемнување пред повеќе од 7 години.

 

  1. о