На Табановце се чека до 40 минути за вакцинација во Србија

Сподели

 

На граничниот премин Табановце, колони возила и чекање и до 40 минути за излез од Македонија и влез во Србија – ваква е ситуацијата за првиот викенд за вакцинирање во Белград, соопштуваат од АМСМ. 

Голем број наши државјани викендов одат во Србија каде имаат закажано термини за вакцинирање, најмногу во Белград.

На останатите гранични премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Засега кај нас со вакцините на Фајзер и на Спутник В кои пристигнаа од Србија и од Русија, се вакцинираа само здравствените работници.

Масовната имунизација се очекува да почне деновиве, со вакцините на АстраЗенека, кои пристигнуваат утре на скопскиот аеродром преку КОВАКС механизмот.