Над 80 милиони луѓе во светот заразени со коронавирус

Сподели

 

Според најновите податоци бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 80 милиони.

Од последици на болеста досега починале 1,75 милиони луѓе, оздравени се повеќе од 56 милиони, а активни случаи се околу 22 милиони лица.

 

Најмногу заразени има во САД, над 19 милиони, каде починале 337.644 лица. Следува Индија со повеќе од 10 милиони заразени и 147.379 смртни случаи, а на трето место е Бразил со седум милиони заболени и 190.145 починати.

Повеќе од два милиона заразени имаат Русија, Франција, Велика Британија, Турција, Италија, а меѓу еден и два милиона случаи на Ковид-19 се регистрирани во Шпанија, Германија, Аргентина, Колумбија, Мексико, Полска, Иран, Украина и Перу.