Надал после повредата во зглобот, сепак ќе игра на Олимписките игри во Рио

Сподели

Rafael-Nadal-sees-off-young-lion-Borna-Coric-at-US-Open

Рафаел Надал ќе настапи за Шпанија на Олимписките игри во Рио, кои почнуваат в петок и ќе игра во три конкуренции – сингл, двојки и мешани двојки. Настапот на најдобриот шпански тенисер беше неизвесен поради повредата на зглобот.

– Ситуацијата не е најдобра, но ќе се обидам да играм – изјави Надал.

Надал во конкуренција на двојки ќе игра заедно со Марк Лопез, а во мешани двојки со Гарбине Мугуруза.

Надал има златен олимписки медал од Игрите во Пекинг во 2008 година, додека во Лондон во 2012 година не настапи поради повреда на коленото.

Машкиот дел од турнирот на Игрите во Рио ќе биде многу „сиромешен“ бидејќи пет од Топ 10 тенисерите од ранг-листата нема да играат поради повреди (Рожер Федерер, Стан Вавринка, Милош Раониќ, Доминик Тием и Томаш Бердих).

Најголеми фаворити се двајцата први играчи: Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.