Награда за човекови права 2020 за Заев од фондацијата „Фридрих Еберт“

Сподели

 

Меѓу „извонредните достигнувања“ на македонскиот премиер, посочена е неговата борба за граѓански и човекови права, но и договорите со Бугарија и Грција.

Премиерот Зоран Заев во Берлин ќе ја прими Наградата за човекови права за 2020 година што му ја додели германската Фондацијата „Фридрих Еберт“. Наградата ќе му ја врачи министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас.

Според фондацијата, Заев ја заслужил наградата како светол пример за унапредување на човековите права во регионот.

-Успесите на Заев не се основаат само на фактот дека неговата Влада го потпиша Договорот за пријателство и добрососедство со Република Бугарија во 2017 година или потпишувањето на Договорот од Преспа со Република Грција со кое се стави крај на 27-годишниот спор за името, туку пред сѐ во самата Северна Македонија. Уште повеќе, како предводник на опозицијата, Заев се издвои како личност од исклучителна важност во борбата за граѓанските и човековите права на сите Македонци, со што на мирен начин се залагаше за нови избори во рамки на движењето ‘шарена револуција’.По бројните разочарувања, реформираната политиката на Заев уште во март доведе до позитивна одлуката на државите-членки на ЕУ да ги започнат преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија, што во голема мера го изгради патот за влез на Северна Македонија во НАТО, како нејзината 30. членка“, објаснуваат од фондацијата.
Симболика

Врачувањето на наградата во Берлин ќе биде само еден ден пред состанокот на Советот за општи работи на ЕУ, на кој требаше да се усвои Преговарачката рамка за Северна Македонија за во декември да се одржи првата Меѓувладина конференција. Тоа нема да се случи поради ветото од Бугарија, меѓу другото, и затоа што во Софија сметаат дека македонската страна не го спроведува Договорот за добрососедство.

denesmagazin.mk