Наградата „22 Ноември“ за Севдаил Демири и Ресул Шабани

Сподели:

На 22 ноември, во Кристалната сала на Собранието, Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ ќе ја додели државната награда „22 Ноември“ за 2025 година за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во РС Македонија, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во РСМ.

Добитници на наградата „22 Ноември“ за 2025 година се проф. д-р Севдаил Демири, истражувач, публицист и поет, и Ресул Шабани, писател.

извор/фото Собрание на РСМ

Сподели: