Алтернатива Музика и Филм Настани

“НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ” на програмата во Кинотека

Сподели:

 

“НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ” на програмата во Кинотека,  26/30/31 јануари!
 
26 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.
30 ЈАНУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.
31 ЈАНУАРИ (ВТОРНИК) 18:00 ч.
 
НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТО (Luckiest Man in the World)
Игран филм, С. Македонија / Хрватска / Црна Гора
2022, 100 мин., колор, ДЦП
 
 
 
Режија: Теона Стругар Митевска (Teona Strugar Mitevska)
Сценарио: Теона Стругар Митевска, Елма Татарагиќ (Teona Strugar Mitevska, Elma Tataragic)
 
Улоги: Јелена Кордиќ Курет, Аднан Омеровиќ, Лабина Митевска (Jelena Kordic Kuret, Adnan Omerovic, Labina Mitevska)
 
НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ е филм кој, всушност, говори за тешкотијата на помирувањето, кое е неопходно за да се може да се продолжи со животот во мир по војна. Сараево четири години беше под опсада и тероризирано со снајперски истрели со огромен број невини жртви. Овој филм говори за Асја, четириесетгодишна жена која се пријавува на организиран настан за барање партнер. Таму се среќава со Зоран, нејзин врсник, кој е дојден да се запознае токму со Асја, но тој не е дојден таму во потрага по љубов.
 
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 100 денари
Сподели: