Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Највисоките тела на НАТО го почнуваат официјалниот дел од посетата на земјава

Сподели:

Официјалниот дел од посетата на делегацијата на НАТО започнува денеска со церемонија за пречек на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг заедно со амбасадорите на сите земји членки на Алијансата претпладнево со највисоки државни и воени почести е пречекан пред платото пред Владата по што се очекува да има средба со премиерот Зоран Заев.

Претседателот Стево Пендаровски во текот на денот ќе ги прими Столтенберг и амбасадорите на Северноатлантскиот совет.

 

Во рамките на својата агенда, генералниот секретар на НАТО Столтенберг и амбасадорите на Северноатлантскиот Совет, вчера беа примени од Претседателот на Собранието Талат Џафери.

 

Сподели: