Наскоро граѓаните ќе ја имаат на располагање апликацијата „Where Are You“, која ќе овозможи прецизно испраќање на локацијата од местото на настанот; испраќање фотографии од местото на настанот; испраќање видеа од местото на настанот; директна видео-комуникација со Оперативниот Центар во итни ситуации, изјави директорот на ЦУК Мухамед Али.
Дополнително, ќе биде достапна и функцијата „Silent Call“, која ќе им овозможи на жртвите на семејно насилство и на лицата кои се наоѓаат во опасност тивко и безбедно да побараат помош.
-Со воведувањето на овие нови функционалности продолжуваме да го модернизираме системот 112, обезбедувајќи поголема сигурност за граѓаните, попрецизно пренесување на информациите и поефикасна реакција на надлежните служби во итни ситуации, истакна Али.


