НАСТАНИ: СОН НА ЛЕТНАТА НОЌ – премиера на балетска претстава

Сподели

MDsonnaletnatanokkulturninastani-1

МНТ, 19 Јуни

 Bullfrogs Ballet Production & Bullfrogs Ballet School ја носат магијата на Шекспировата „Сон на летната ноќ“ во Македонскиот Народен Театар (МНТ).

Билетите се во продажба на билетарата на МНТ.

„Сон на летната ноќ“ е комедија која ги прикажува настаните околу свадбата на Војводата од Атина Тезеј и Кралицата на Амазонките Хиполита. Се раскажуваат приказните за младите парови Хермија и Лисандар и Хелена и Демтар, како и за група работници кои континуирано се контролирани од страна на самовилите, кои живеат во нивното Кралство во близина на една шума во Атина. Ова е едно од најпознатите дела на Шекспир кое е одиграно низ театрите ширум светот.

„Сон на летната ноќ“е десеттата балетска продукција на Булфоргс, инспирирана од и базирана на кореографијата на светски реномираниот кореограф Џорџ Баланшин, кој за прв пат ја поставува Сон на летната ноќ за New York City Ballet во 1962 година. Воедно, балетот претставува прва директна соработка помеѓу Националниот балет на Косово и балетско училиште од Македонија.

Балетот е финансиски поддржан од Министерство за Култура на Македонија, Алфа Парф – Милано, Byphasse и Здружение за културна иницијатива – Тесеракт.

Кореографија: Александра Никифоровски

Асистенти на Кореографија: Елена Митевска, Стефанија Кузмановска, Кристина Димовска, Џој Стаут, Ана Димчевска

Музика: Феликс Менделсон

Костимографија: Маре Трајковска

Креативен тим: Јоана Стојчевска, Надица Панковска и Снежана Ангеловска

Шминка: Снежана Ангеловска

Дизајн на проекции: Надица Панковска

Дизајн на плакат: Филип Мирчевски

ИГРААТ

Титанија, Кралица на самовилите – Јета Мусоли (Национален Балет на Косово)

Оберон , Крал на самовилите – Синан Кајтази (Национален Балет на Косово)

Пук – Игор Веланоски (Македонска Опера и Балет)

Ботом – Васко Костовски

Хермија – Аулона Нухиу (Национален Балет на Косово)

Хелена – Теута Красниќи (Национален Балет на Косово)

Деметар – Фатмир Смани (Национален Балет на Косово)

Лисандар – Крешник Мусоли (Национален Балет на Косово)

Самовилите на Титанија – Мишел Јовановска, Федерика Ј. Донегати, Џој Стаут, Јана Трпковска, Дина Геговска, Анастазија Китановска, Леона Марку (Булфрогс Балет) и Етрита Абдулаху (Национален Балет на Косово)

Самовилите на Оберон – Бистра Младеновска, Теа Стефановска, Ива Бајалџиева, Керолајн Бутемер (Булфрогс Балет)

Хиполита, Кралица на Амазонките – Стефанија Кузмановска

Тезеј, Војвода од Атина – Фисник Смани (Национален Балет на Косово)

Работници— Стефан Трипунов и Горан Трајаноски

Ансамбл – учениците од Булфрогс Балет