Вести Македонија Ударни вести

Неделава ќе се знае составот на Советот за реформи на судството

Сподели:

Советот за имплементација на реформтие во правосудството ќе го сочинуваат претседателите на трите судови – Врховен, Апелациски и Кривичен суд, како и јавниот обвинител и специјалниот јавен обвинител.

Ова денеска го потврди премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашња.

Тој рече дека е во финална фаза на консутлации со правните експерти околу Советот, кој според најавите, треба да биде формран неделава, а со него ќе претседава лично Заев.

Премиерот рече дека за успешна имплементација на правосудните реформи треба да бидат вклучени и практичари од Здружението на судии и претседателите на Адвокатската комора кои ќе бидат потпомогнати од граѓански експерти и од професорската фела.

Заев рече дека Советот не треба да биде преобемен за да има сериозено влијание и да ги забрза процесите во имплементацијата на зкаонските решенија што ќе се изготват и донесат.

Прашан какви очекувања има од претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, кој според перцепцијата во јавноста имаше влијание во бегството на осомничени во случаи на СЈО, Заев рече дека членството во Советот не треба да се врзува со личности, туку со претставници на институции.

– Почнувајќи од мене како Зоран Заев, па било кој друг функционер, сите сме минливи и менливи. Не се водиме од имиња и презимиња на личностите – рече Заев.

meta.mk

Сподели: