Алтернатива Настани

НОБ: Комична опера “РИТА” од Гаетано Доницети

Сподели:

 

Национална опера и балет, Комична опера во еден чин “РИТА” од Гаетано Доницети, на 24. септември, мала сцена

Диригент: Андрејa Наунов
Режисер: Трајко Јордановски
Сценограф / Костимограф: Марија Ветероска
Концерт мајстор:
Светло мајстор: Васко Лисичов
Корепетитор: Елена Сиљаноска, Јанинка Невчева

Настапуваат:
Рита: Александра Лазаровска Василевски
Бепе: Јане Дунимаглоски
Гаспаро: Кристијан Антовски
Бартоло: Борко Биџовски

РИТА
Либрето: Густаво Ваез
Дејството се случува во Бергамо (Италија).
Рита е сопственичка на преноќиште и вдовица на Гаспаро, сопруг кој ја малтретирал и според нејзино сознание настрадал во бродолом.
Во меѓувреме Рита го запознава Бепе, човек кој многу и помогнал во гаснењето на пожарот во нејзината куќа и се мажи за него. Новиот сопруг е сосема различен од поранешниот Гаспаро.

Рита поттикната од претходното искуство, се наметнува во новиот брак, па дури и го малтретира Бепе, на ист начин како што ја малтретирал Гаспаро.
Одненадеж се појавува Гаспаро, кој го преживеал бродоломот и сега живее во Канада, каде што се стекнал со големо богатство. Тој се вратил во Бергамо за да добие потврда дека Рита не е жива за да може да склопи брак со вереницата во Канада.

Гаспаро доаѓа во преноќиштето на Рита и го наоѓа Бепе. Во меѓусебниот разговор, Гаспаро го учи Бепе како да се однесува со жените, но при покажување на личната карта на Гаспаро , Бепе сфаќа дека тој е „починатиот“ сопруг на Рита. Го моли да му помогне да се ослободи од малтретирањето на Рита.

Единствената цел на Гаспаро е да го добие документот дека бракот со Рита не важи и применува трик за реализација на својата идеја.
Се случува дуел помеѓу Гаспаро и Бепе, а победникот треба да продолжи да живее со Рита. Но Рита и Бепе ја откриваат измамата.

Гаспаро го добива бараниот документ, а Рита и Бепе продолжуваат да живеат во среќен брак, зашто Рита му ветува на Бепе дека нема повеќе да го малтретира.

Сподели: