Алтернатива Настани Наука и Технологија

Нобелова награда за физика за Артур Ашкин, Жерард Моро и Дона Стрикланд

Сподели:

Артур АшкинЖерард Моро и Дона Стрикланд се добитници на Нобеловата награда за физика за 2018 година, за нивните откритија во полето на ласерската физика.

Американскиот физичар Ашкин доби една половина од наградата за неговото откритие на „оптички пинцети“, кои овозможуваат манипулирање со мали честички со помош на светлината.

Пинцетите на Ашкин можат да манипулираат со честички и молекули со нивните ласерски „прсти“. Со ова откритие можат да се истражуваат и манипулираат разни вируси, бактерии и други живи клетки, без да се оштетат, што создава нови можности за проучување и контролирање на живите организми.

View image on Twitter

Канадската физичарка Стрикланд и францускиот научник Моро, пак, ќе ја поделат втората половина од наградата за нивната работа во развивање на многу кратки и многу силни ласерски импулси. Овие зраци овозможуваат сечење и бушење на резлични материјали со огромна прецизност. Со помош на оваа технологија се направени корективни операции на очите на милиони луѓе.

View image on Twitter

Стрикланд стана третата жена во историјата која ја добила Нобеловата награда за физика и првата жена со оваа награда по 55 години. Во краткото интервју при соопштувањето на наградите од Нобеловиот комитет таа изјави: „Мислев дека бројот е поголем“.

Сподели: