Нобелова награда за хемија, за развој на најмалите машини на светот

Сподели

Тројцата научници ќе ја поделат наградата од осум милиони шведски круни, околу 830.000 евра, за проектирање и синтеза на машини коишто се на молекуларно ниво, соопшти шведската Кралска академија на науките

thumbs_b_c_2d29842857619d4b2ddaae55cfc9d0fe

СТОКХОЛМ (АА) – Овогодишната Нобелова награда за хемија ја добија научниците Жан-Пјер Суваж од Франција, Фрејзер Стодарт од Велика Британија и Бернард Феринга од Холандија, за развој на молекуларни машини, најмалите машини во светот, јавува Anadolu Agency (AA).

Тројцата научници ќе ја поделат наградата од осум милиони шведски круни, околу 830.000 евра, за проектирање и синтеза на машини коишто се на молекуларно ниво, соопшти шведската Кралска академија на науките.

„Тие развија молекули со движења што може да се контролираат и коишто можат да извршат одредена задача кога ќе се додаде енергија. Овие молекуларни машини најверојатно ќе се користат за развој на нештата, како што се новите материјали, сензори и системи за складирање енергија“, се наведува во соопштението.

Ова е последно научно признание од оваа година. Јапонскиот молекуларен биолог Јошинори Осуми е овогодишниот добитник на Нобеловата награда за медицина, за истражување на автофагијата, клучен механизам за регенерација на клетките, за стареењето и реакцијата на организмот на глад и инфекции. Наградата за физика ја добија британските научници Дејвид Џ. Тулес, Ф. Данкан М. Халдеин и Ј Мајкл Костерлитц за теоретските откритија во квантната физика, односно тополошката транзиција.

Добитникот на Нобеловата награда за мир ќе биде објавен в петок, а победниците во областа на економијата и книжевноста ќе бидат познати следната седмица. Научниците ќе ги добијат признанијата и медалот на 10 декември, денот кога се одбележува годишнината од смртта на Алфред Нобел.