“Црвеното џуџе’’ со 3 населиви планети

Сподели

Астрономите со помош на телескопите на опсерваториите на ЕСО во Чиле откриле три планети околу бледа џуџеста ѕвезда оддалечена само 40 светлосни години од Земјата. Овие светови имаат големини и температури слични на оние на Венера и Земјата, и тие се најдобри цели досега пронајдени во потрагата по живот на друго место во универзумот.

Научниците ги пронајдоа планетите користејќи 60 сантиметарски телескоп лоциран во Чиле, а управуван од страна на ЕСО. Белгиски научници го дизајнирале малиот телескоп (TRAPPIST) за следење на џуџести ѕвезди во инфрацрвени бранови должини и потрага по планети околу нив.

 

Уметничи приказ на трите планети околу малата и бледа ѕвезда (с) ESO

Тимот го фокусираше телескопот на џуџестата ѕвезда со многу ниска температура, сега позната како TRAPPIST-1, според големина е колку Јупитер, или една осмина од големината на нашето Сонце и со блед сјај, само 0,05% од светлината на нашето Сонце. Во текот на неколку месеци, почнувајќи од Септември 2015, научниците набљудувале како инфрацрвените сигнали на ѕвездата избледуваат во редовни интервали, што би значело дека неколку објекти поминуваат пред ѕвездата.

 

Со понатамошни набљудувања, екипата потврди дека објектите навистина биле планети, со слична големина на Земјата и Венера. Двете највнатрешни планети ја обиколуваат ѕвездата за само 1,5 и 2,5 дена. Третата би можела да орбитира некаде околу 4 до 70 дена, и може да добива помалку зрачење дури и од Земјата. Со оглед на нивната големина и близината до нивната ѕвезда, сите три планети може да имаат опсег со температури значително под 100° С кои се погодни за одржување на течна вода и живот на самата површина.

Планетите се премногу блиску до ѕвездата за да бидат целосно населени, но истражувачите наведуваат дека на нив би можело да има предели во кои луѓето би можеле да преживеат. Поради близината планетите со ѕвездата имаат ротација со плимина зависност, така што едната страна секогаш им е свртена кон ѕвездата како Месечината околу Земјата.

(Астрономски центар Орион)