Алтернатива Настани

Најавен ден на Мајкрософт посветен на граѓанскиот сектор

Сподели:

mirkosoft

Фондацијата „Метаморфозис“, заедно со локалната канцеларија на „Мајкрософт Македонија“ задутре, 21 јуни, организира ден на „Мајкрософт“, посветен на граѓанскиот сектор „Со технологија до успех“.

Настанот, кој задутре во 10 часот ќе се одржи во Конгресниот центар на Скопски саем, ќе им овозможи на претставниците на граѓанскиот сектор да дознаат повеќе за нивните можности како да добијат софтверски донации од програмата на „Мајкрософт“ за поддршка на граѓанскиот сектор, која во Македонија ја спроведува „Метаморфозис“, преку платформата „Теchsoup Balkans“.

На настанот ќе бидат презентирани совети и конкретни примери на фукционалностите на „офис 2016“ за продуктивност, тимска работа и креативност, а ќе биде презентирана и новата понуда од Мајкрософт за невладините организации: Платформа за податоци и „Power BI“, како и други технологии што придонесуваат во подобрувањето на работата на граѓанските организации.

Бројот на учесници е ограничен, поради што пријавувањето ќе трае до 20 јуни до 18:00 часот. Селекцијата на пријавените учесници ќе биде извршена според редоследот на пријавување. Ќ
За учесниците од други градови, ќе биде обезбедено покривање на патните трошоци во висина на повратен автобуски билет.

http://meta.mk/najaven-den-na-majkrosoft-posveten-na-graganskiot-sektor/

Сподели: