“Новогодишна бајка- Писмо до Дедо Мраз“

Сподели

МКЦ, “Новогодишна бајка- Писмо до Дедо Мраз“, 24. декември

Детски културен центар “КАРПОШ“ ќе одржи Новогодишна, полугодишна завршна, ликовна и Етнолошка изложба како и балетска претстава, наречена “НОВОГОДИШНА БАЈКА-Писмо до Дедо Мраз “.

Членовите од ликовната секција ќе имаат изложба со прекрасни цртежи од малите ликовни уметници, додека танцово-ритмичката секција со малите и големите балеринчиња преку игра ќе ја претстават Новогодишната бајка со која ќе го ја најават доаѓањето на Новата година -2019. Нивните родители и останатата публика ќе можат да уживаат во сето она што го сработиле двете секции во првото полугодие. Исто така на влезот покрај изложбата од малите ликовни уметници ќе има и Етнолошко катче со македонски носии со кои играат нашите фолклорци.

“Новогодишна бајка – Писмо до Дедо Мраз“ ќе се одржи во, кино салата “ФРОСИНА“ во Младински културен центар –МКЦ на 24.12.2018 год. со почеток во 18,30 часот.