“Новогодишна Зоо бајка” во Зоолошка градина Скопје

Сподели

Овој викенд во Зоолошка градина Скопје за првпат ќе се одржи дводневна забава за деца „Новогодишна Зоо Бајка“.

Најмалите посетители ќе имаат можност да уживаат во богата новогодишна програма за време на викендот. Во сабота и недела од 12:00 е закажана претставата „Новогодишно чудо“ со Дедо Мраз, а потоа Дизни јунаците Мики, Мини и Олаф ќе делат подароци за секое дете. За крај, во едукативниот центар е планирана проекција на анимирани филмови ( Zootopia и Frozen). Влезниците се по цена од 100 денари( за деца и возрасни) и може да се набават на билетарата на Скопје Зоо, секој работен ден, како и за време на настанот.