Од утре тргнува градскиот воз од Зелениково до Скопје

Сподели:

Од утре, 1 септември, започнува да сообраќа новата линија на градскиот воз меѓу Зелениково и Скопје, со вкупно осум поаѓања дневно во двата правци. Новата железничка врска треба да овозможи побрзо и полесно патување до главниот град за жителите на Зелениково и околните населени мест

Првиот воз од Зелениково ќе тргнува во 6:20 часот, потоа во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот. Во спротивниот правец, првиот воз од Скопје кон Зелениково ќе тргнува во 5:32 часот. Следните поаѓања се во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот.

Патувањето до Железничката станица во Скопје ќе трае околу 25 минути.

Објавениот возен ред ќе важи од 1 септември до 31 декември 2026 година.

Со пуштањето на оваа железничка врска во должина од 24,5 километри во која се инвестираа 5,7 милиони евра, се реализира првата фаза од најавениот проект „Градски воз“. Втората делница од проектот е од Миладиновци, Илинден, Маџари, до главната централна железничка станица, а третата е од централната железничка станица преку Скопје Север, Ѓорче до Волково.

фото Македонски железници

Сподели: