Одбележување на 100 години од постоењето на ЗОО Скопје

Сподели:

Денеска во Зоолошката градина Скопје, со почеток во 11 часот, ќе започне одбележувањето на големиот јубилеј, 100 години постоење на ЗОО Скопје.

За посетителите ќе бидат претставени активностите и проектите што ќе се реализираат по повод значајниот јубилеј. Во рамки на програмата свое обраќање ќе има и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Организаторите најавуваат содржини наменети за сите генерации. За децата е подготвена едукативна и музичка програма, исполнета со забава, учење и дружење, со цел јубилејот да биде одбележан во празнична и семејна атмосфера.

На настанот свое обраќање ќе има и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓеорѓиевски.

Сподели: