Одбележување на Денот на медицинската сестра

Сподели

 

Секоја година во периодот од 5. мај, Денот на акушерката па сѐ до 12. мај, Денот на медицинската сестра, Светската здравствена организација го одбележува постоењето на оваа хумана професија.

 

 

 

Во име на најпознатите медицински сестри Флоренс Најтингејл, Мајка Тереза, Славјанка Влахчева… под слоганот “Глас што води – Визија за здравјето во иднина“ и оваа година, по петти пат, Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ се впишува во историјата придонесувајќи да се чуе гласот на сестринската професија и во нашата земја.

Поради запазување на превентивните мерки во борбата против пандемијата предизвикана од корона вирусот извршниот одбор одлучи традиционалната свечена академија да ја преформулира во емисија посветена на сестринството.

Разговорот го водиме со неколку претставници на оваа хумана професија. Ќе се обидеме да ги изнесеме проблематиките со кои се соочуваат медицинските сестри, да ги прикажеме решенијата кои Унијата ги нуди, но и да поттикнеме општонародна поддршка за гласот што води кон подобра иднина за здравјето.

Во текот на емисијата ќе биде промовирана и Сестринската заклетва која би требала да претставува своевиден синоним за оданоста и пожртвуваноста на медицинската сестра, соопштуваат од ЗМСТАС.

Емисијата премиерно ќе се прикаже на 12 мај,во 12 часот на официјалниот YouTube канал на здружението, како и на официјалната web страна zanas.mk