Алтернатива Настани

Тркалезна маса посветена на преводот на македонската литература за деца

Сподели:

 

На темата „Како македонската литература за деца полесно да ги премине границите на нашата земја“, вечерва во 19 часот во Чифте амам ќе се одржи тркалезна маса, како дел од програмата на 3.Фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“. 

-Македонската книги за деца речиси и да ги нема на други јазици. На една рака се бројат авторите кои успеале да допрат до повеќе публика макар на некој од јазиците од соседството, а подалеку – многу тешко. Ни недостига ли државна стратегија? Зошот немаме агенти за литература за деца? Како да му се приближиме барем повеќе на регионот – ова се дел од прашањата што сакаме да ги отвориме – велат од фестивалот.

На настанот ќе учествуваат: Билјана Црвенковска, писателка, основачка на издавачката куќа „Чудна шума“, Александра Јуруковска, литературна критичарка, Ване Костуранов, илустратор, автор на сликовници, Татјана Димовска-Атанасова, уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“ и Бистра Георгиева, авторка на сликовници за деца.

Настанот ќе се одвива според ковид-протоколите за организирање културни настани. Стриминг од тркалезната маса ќе може да се проследи на фб-профилот на фестивалот Литера (https://www.facebook.com/Litera.mk)

Синоќа се одржа мастеркласот на хрватскиот илустратор и скулптор Свјетлан Јунаковиќ. Настанот предизвика големо внимание и беше проследен во еден здив. Јунаковиќ отвори важни прашања за тоа што се е илустрација, како да ја препознаеме, но и како илустраторите да се потрудат да ја направат подобра. На присутните им се обрати и Н.Е амбасадорката на Р.Хрватска кај нас, Нивес Тигањ, која најави продлабочување на културната соработка меѓу двете земји и поддршка за фестивалот „Литера“.

Сподели: