Вести Македонија Спорт Топ теми Ударни вести

Олимписко сребро за Дејан Георгиевски на Олимпијадата во Токио

Сподели:

 

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски го освои второто место и сребрениот медал на Летните Олимписки игри во Токио.

По извонредните настапи на претходните три борби, македонскиот ас го загуби големото финале од Русинот Ларин со резултат 15-9, во категоријата +80 килограми.

ДејанГеоргиевски го совлада актуелниот светски првак Рафаел Јуниер Алба Кастилјо од Куба со 11:8, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Сајду Гбане, со 9:4 и Кјо Дон Ин од Јужна Кореја со 12:6.

За Македонија ова е шести сребрен медал во историјата. Претходно вакви успеси запишаа Шабан Трстена, Стојна Вангеловска, Реџеп Реџеповски, Благоја Видиниќ и Благоја Георгиевски.

Сподели: