Влатко Стефановски Трио во Антички театар Охрид

Сподели

 

Влатко Стефановски Трио најавува врвна музичка претстава на Антички Театар, под ѕвезденото охридско небо!

Гитарскиот виртуоз заедно со извонредните Јан Стефановски и Иван Кукиќ гарантираат возбудливо музичко патување и уживање во добро познатите рефрени.

Организаторот на концертот Баги Комуникации вели дека како и секогаш кога е во прашање Влатко Стефановски, треба да очекуваме одлично концертно доживување кое долго ќе се памети, особено поради извонредниот музички материјал, виртуозноста на гитаристот и музичарите, секако надополнето со магичнот амбиент на Античкиот Театар во Охрид.
Билетите по цена од 1.000 денари може да се набават онлајн на www.bileti.mk и се во ограничен број заради почитување на Ковид протоколите.

Концертот е поддржан од Комерцијална Банка АД Скопје.