Насилството не е приватна работа и заштитата не смее да остане само на хартија.
По повод кампањата „16 дена активизам“, Општина Карпош ве поканува на отворена панел-дискусија: „Семејно и родово базирано насилство – од закон до пракса“.
Заедно со стручни лица од полицијата, социјалната заштита, граѓанскиот сектор и психолози, ќе зборуваме за препознавање на насилството, институционалната поддршка и вистинската заштита на жртвите.
Говорници на панел-дискусијата ќе бидат Снежана Смилевска (Организација на жени на Град Скопје), Тиана Ивановска (психолог и гешталт психотерапевт), Тина Васков (клинички невропсихолог), Елизабета П. Петковска (ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје), Претставник од Одделението за семејно насилство при СВР Скопје.
Панел-дискусијата „Семејно и родово базирано насилство – од закон до пракса“ ќе се одржи во вторник, 24 ноември 2026, во 14: часот, Универзитет Скопје (бул. Партизански одреди бр. 90).
Придружете ни се, прашајте и бидете дел од разговорот што не смее да се премолчи, повикуваат од општината. ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ !


