Владата веќе работи на подобрување на постојните решенија, а надлежните институции преземаат мерки во рамките на своите надлежности.
Во таа работа е важен придонесот на стручната јавност и на организациите што секојдневно работат со жртвите. Воедно, сметаме дека на вака чувствителна тема јавната дебата треба да се води со особена одговорност. Препознатливите партиски пораки во дебатата за насилството ја отежнуваат соработката што им е потребна на жртвите, а политичкиот наратив го одвлекува вниманието од прашањето што треба да биде во средиштето на вниманието, а тоа е заштита на жртвите, велат од владата по денешниот протест против семејното насилство, особено против насилството кон жените кое резултираше повеќепати со смртен исход.


