Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Османи: Објавените документи во некои медиуми не се од финалниот француски предлог

Сподели:
 
 
“Со оглед на чувствителноста на моментот, сакам да посочам дека објавените документи во некои од медиумите не се финалниот предлог кој Француското претседателство го сподели денес со Владата, преку Министерството за надворешни работи, изјави министерот Бујар Османи.
 
 
 
 
Имаме целосно разбирање од јавноста за потребата да бидат запознаени со содржината на предлогот, но во исто време ќе замолиме за кратко трпение со цел да поминат консултациите низ институциите и предлогот соодветно да биде презентиран.
 
Од Мадрид се враќаме со нов изменет предлог на Француското претседателство кое веднаш ќе биде ставено во процес на институционална консултација и увид на јавноста.
 
Огромна благодарност до Претседателот Макрон, целото претседателство со ЕУ, како и на Канцеларот Олаф Шолц, за нивните особени напори да се обезбеди нов ревидиран предлог како нова шанса да се деблокираат европските интеграции на земјава и целиот регион.
 
Како што беше ветено, почнуваме процес на широку консултации и автентичниот предлог интегрално ќе биде ставен на увид на јавноста”, изјави Бујар Османи.
Сподели: