Вести Изјави Македонија Топ теми Ударни вести

Ковачевски: Во овој предлог земени се предвид нашите позиции и барања

Сподели:

 

Денес до Владата од француското претседателство пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на нашите јавно изнесени позиции и ставови во однос на спорот со Република Бугарија.
 
“Овој предлог, при чие изготвување се земени предвид нашите позиции и барања, ќе биде ставен на широк консултативен процес. Консулатции во следните денови ќе се прават во Владата, со политичките партии, со Претседателот на државата, Парламентот, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата. По овие консултации ќе се донесе одлука во однос на предлогот”, изјави премиерот Димитар Ковачевски.
 
“Како што ветивме и наспроти шпекулациите на опозицијата, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички согласно стратешките интереси на земјата и на сите наши граѓани.
 
Упатувам благодарност до Претседателот Макрон и Француското претседателство, за нивните напори да се надминат пречките и да се зачува европскиот кредибилитет на Балканот”, додаде премиерот Ковачевски.
Сподели: