Вести Македонија

Успешно завршена програма за сертификација за проценка на ризик од корупција

Сподели:

 

На 24.11.2023 година во просториите на Државниот завод за ревизија се одржа работна средба во рамките на  проектот „Активност за антикорупција и интегритет“ којшто го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), со поддршка од страна на УСАИД, а заради заокружување на Програмата за сертификација за проценка на ризик од корупција.

На средбата присуствуваа и претставници од Државната комисија за спречување на корупцијата, Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во Скопје и претставниците на Овластениот институт за јавни финансии и сметководство (ЦИПФА).

Оваа Програма овозможи на овластени државни ревизори и вработени во Државната комисија за спречување на корупцијата да се стекнат со Меѓународен сертификат за управување со ризици од корупција.

Истовремено, се разговараше и за можна идна соработка во насока на понатамошно унапредување на капацитетите на вработените на двете институции.

Сподели: