Алтернатива Настани

ОСВЕТЛИ ГО СКОПЈЕ – 28.08.2016

Сподели:

14079703_10157286920305125_8899552461959137056_n

ОСВЕТЛИ ГО СКОПЈЕ – Овојпат со мали промени и изненадувања за сите учесници.

Во НЕДЕЛА во 18:30 часот (28.08.2016), ќе се одржи “Ноќно искачување до Милениумскиот крст на Водно”. #vodnonight

Овој Настан е со јавен карактер, што значи на оваа вечерна прошетка може да учествуваат сите оние кои мислат дека имаат доволно кондиција да се искачат до “Милениумскиот Крст”.

Собирно место во 18.30 часот пред “Public Room” на СМУТИ ДЕГУСТАЦИЈА и најава за настанот ОСВЕТЛИ ГО СКОПЈЕ.
https://www.facebook.com/publicroomskopje/

После освежителната дегустација, во 18.45 часот ќе се упатуваме кон СТАРТНОТО МЕСТО, пред “Оу. Кочо Рацин”. во 19:00 часот, каде сите заедно старуваме со искачување кон “Милениумскиот Крст”.
-Доколку има заинтересирани кои сакаат да тргнат од средно Водно, нека бидат кај фонтаната во 19:30 часот.

Патеката по која ќе пешачиме (цветкова патека) е долга прилично 5км и се пешачи околу 1:30 до 2:00 часа.

Ќе имаме 1 официјални паузи:
– На Средно Водно (5 до 10 минути)

и не заборавајте да ни се придружите на Официјалната Вечерна фотографија која ќе биде направена во 22.00 часот веднаш пред “Милениумскиот Крст”.

Задолжителна опрема:
– Соодветни чевли за пешачење
– фенерче*
– Топла облека
– резервна маица
– 1 литар вода
– овошје, и храна по избор
– Ранец
– Фотоапарат
– Пари за чај

НАПОМЕНА: Доколку се пријави некој со послаби кондициони способности, му препорачуваме да се искачи само до средно Водно.

 

Сподели: