Оваа година кампањата за 16 дена активизам ја започнуваме порано, затоа што и насилството започна порано, или никогаш и не сопре.
Денес повторно сме сведоци на уште едно убиство на жена, само затоа што е жена во Македонија. Ова не е „љубовна драма“. Ова не е „семејна трагедија“. Ова е фемицид.
Во очи на кампањата за 16 дена активизам против родово базирано насилство потсетуваме дека жените не се безбедни – ниту дома, ниту во нивното маало, ниту на улиците по кои секојдневно поминуваат.
Нашата работа не смее да трае само 16 дена. Таа мора да биде 365 дена активизам против родово базирано насилство.


