Меѓународени ден на толеранцијата “Ние и Вие – рушење на стереотипите”

Сподели

 

Клубот Inner Wheel Skopje Europea, на 14 ноември 2019 година, со организирање на дебата, се вклучува во одбележувањето на Меѓународниот ден на толеранцијата.

Имено, Меѓународниот ден на толеранцијата почнувајки од 1996 година е годишно одбележување на толеранцијата под покровителство на УНЕСКО, со цел генерирање на јавна свест за опасностите од нетолеранцијата.
Голем број на земји, владини и невладини организации секоја година го одбелжуваат овој ден преку различни настани, кампањи и сл, со што се подига свеста за потреба од толеранција, вклученост и интеграција на сите групи.

По тој повод. Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа на 14 ноември 2019 година, ќе организира дебата на тема „Родова еднаквост„ под наслов – Ние и Вие – рушење на стереотипи!

Дебатата ќе се одржи на 14 ноември 2019 со почеток во 12 часот во ресторан Umbrella (ГТЦ).
Како говорници на дебатата ќе бидат:
• Г-ѓа Ana Martinoska – професорка, научничка во областа на фолклорот, литературата и културата, колумнистка на родови и културолошки теми
• Г-дин Xhabir Deralla – македонски писател, продуцент и новинар
• Г-ѓа Snezana Lupevska Sozen – новинарка и истражувачка.
Дополнително, а соодветно на темата и насловот на истата како гости се поканети три извонредни дами со уште поизвонредни занимања:
• Г-ѓа Jasmina Atanasova Simjanoska – професорка, архитектка, овластена проектантка, ревидентка и надзор од областа на архитектурата и противпожарната заштита
• Г-ѓа Biljana Dencovska – првата жена пожарникарка во Македонија
• Г-ѓа Zorica Petrova – првата жена лиценцирана машиновозачка во Македонија

Модератор на настанот ќе биде новинарот и активист Ognen Janeski.
Темата на годинешнава дебата е родовата (не)еднаквост или жените и нивното учество во „машките„ професии. Преку искуството и излагањето на секој од говорниците ќе можеме да извлечеме заклучоци по однос на ова прашање.

Настанот е од отворен карактер и сите се добредојдени да не посетат и да се вклучат во дискусијата.