Алтернатива Настани

Овој убавец благодарение на ЈП Лајка и микрочипот си отиде дома кај својот сопственик

Сподели:

 

Емоции, гушкање и љубов. Оваа работна недела ја заокружуваме со среќен крај во потрагата на златниот ретривер Лео.

 

 

Овој убавец благодарение на тимот на ЈП Лајка и микрочипот си отиде дома кај својот сопственик.

Сликите говорат повеќе од се, а љубовта од најдобриот пријател на човекот е безусловна.

Ние сме среќни што Лео е веќе во својот дом и не талка по улиците. Кај нас забележително тагуваше по својот сопственик, изјавија од ЈП ЛАЈКА.

 

 

Чипирајте ги вашите домашни миленици. Само така доколку се изгубат ќе можат да бидат вратени кај вистинските сопственици.

Сподели: