Здружението на преведувачи и толкувачи одбележува 10 години од постоењето

Сподели

 

 

Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија (ЗПРМ) е професионално здружение основано во декември 2010 година, согласно со Законот за граѓански здруженија и фондации, од страна на 10 угледни слободни преведувачи и толкувачи и професори.

Неговата мисија е да воведе професионални стандарди на пазарот во Република Македонија, да работи на професионалниот развој на своите членови и да создава позитивна перцепција за професиите „преведувач“ и „толкувач“ меѓу припадниците на професијата, потенцијалните клиенти и пошироката јавност.

Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија (ЗПРМ) ќе ја одбележи својата десетгодишнина во четврток, на 17.12.2020 година, преку електронската платформа Зум, претходните претседателки ќе зборуваат за почетоците на Здружението, во која учество ќе земат актуелната претседателка која ќе ги пренесе плановите за во иднина, а членовите ќе се вклучат со свои коментари за придобивките и очекувањата од членувањето во ЗПРМ.