ПЕНДАРОВСКИ: Ќе се залагам за правичност и правна држава, ќе обединувам, нема да делам

Сподели

-” Се придружувам на водството во оваа држава за евроатланска и економски развиена Република Северна Македонија. Ќе се залагам за правичност и правна држава, ќе обединувам, нема да делам. Мојата мисија е да обединувам, да одиме сите заедно напред, граѓаните, зруженијата, партиите… Отворен ни е патот кон подобра иднина. Затоа денес донесовме зрели одлуки. Благодарам на премиерот Зоран Заев за поддршката и за вербата дека е можен успех на овој концепт заедно напред. Благодарам на сите 31 партија која ја поддржаа мојата кандидатура. Благодарам на сите кои ми ја доверија обврската и честа да бидам претседател. Ќе бидам претседател на сите. Драги пријатели ќе забележувам, ќе критикувам секаде каде што може да биде подобро и повеќе. Ќе бидам сојузник во остварување на интересите на граѓаните. Ќе бидам претседател од кој нема да се срамите и тука и во странство” – рече Пендаровски во неговото прво обраќање по завршувањето на вториот круг на претседателските избори.