Изјави Македонија Став

ПИСМА: КОГА НЕПРАВДАТА СТАНУВА ЗАКОН, ТОГАШ ОТПОРОТ СТАНУВА ТВОЈА ОБВРСКА – Јове Кекеновски

Сподели:

13335470_1344719432210709_1707824035_n

Откако сликата на која се поздравувам со лидерот на СДСМ на протестот во Скопје (06.06.2016) беше објавена на социјалните мрежи, бедните подлизурковци на лажниот патриот Груевски почнаа со негативни и навредувачки коментари. Редно е и јас им одговорам на овие ,,наводни” вмровци.
Јове Кекеновски излегува и ќе излегува на протестите за да даде свој придонес во спасувањето на државата од бандата која ја узурпиранашата држава и мојата партија.
Јове Кекеновски не молчел и нема да молчи:
• се додека не се демонтира и уништи воспоставениот ,,систем без вредности” (систем единствено по мерка на партиската врхушка).
• се додека лажните патриоти и криминални структури ја нудат нестручноста, алчноста и лаицизмот со етикета на авангардност,
• се додека на злоупотребите на државните и партиските функции се гледа како на производ на светските цивилизациски трендови,
• се додека на сиромаштијата на нашиот народ поради безочното пљачкосување се гледа како на нужно и задолжително колективно жртвување во името на некакви ,,повисоки” државни интереси.
Јове Кекеновски има морална и патриотска обврска да се бори против сите оние кои за свои исклучиво лични интереси сиве овие години ја разградува нашата држава.
Јове Кекеновски излегува и ке излегува на протести за да Ве спаси и сите Вас (новодојдени вмровци од интерес) од понатамошно лигавење и одработување. Конечно и Вие да станете барем полу луѓе.
Јове Кекеновски се поздравува и ќе се поздравува со сите бидејки мојот патриотизам и мојата култура се далеку од вашата. За Јове Кекеновски политичките конкуренти не се ,,крвни” непријатели посебно кога сме доведени во ситуација да си ја браниме државата од најголемите внатрешни непријатели.
Лажни патриоти, новокомпонирани вмровци едно треба да знаете!. Доколку некој треба да се јави за коментар тоа треба да биде вашиот ,,вожд“ кој пред ваши очи и со Ваша премолчна согласност сотре се што е вредно во ВМРО, оној кој ја дезидеологизира партијата, оној кој амнестираше терористи, оној кој ја доведе државата до банкрот и пред распад, оној кој не подели по сите основи. Сите Вие сте неважни од причина што не смеете и ниту ви дозволуваат да мислите со своја глава. Едноставно принудени се да одработувате. Но, за Ваша и наша среќа само уште малку. На крајот крчмарот ке дојде и ке си ја наплати сметката – поединечно за секој.

П.С. Едно мудрост вели ,,КОГА НЕПРАВДАТА СТАНУВА ЗАКОН. ТОГАШ ОТПОРОТ СТАНУВА ТВОЈА ОБВРСКА” (читај наша). По се изгледа дека сеуште имате личен интерес и немате доволно храброст и капацитет да го кренете својот глас против неправда, лагата и криминалот. Сеуште немате капацитет да сватите дека јавате на ,,мртов коњ“ кој ве однел во погрешна насока? Жално и трагично.

 

Сподели: