Филипче: Кинеските вакцини пристигаат многу брзо – се финализираат деталите

Сподели

 

Авансот за вакцината Синофарм го повлековме за наша сигурност, но тоа не значи дека вакцините нема да стигнат, истакна министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во Дневникот на Канал 5 телевизија.

-Со оглед на тоа што самиот процес траеше подолго време од тоа што сите ние на почетокот планиравме, понатаму се бараа многу дополнителни документи, нешто што се случува практично со сите земји и на тоа практично многу често ни укажуваат, затоа се врати делот од средствата меѓутоа навистина преговорите овие денови, па дури и за време на викендот се во последна фаза и мислам дека целокупниот процес ќе се заврши и навистина вакцините за многу кусо време ќе пристигнат во нашата земја – рече Филипче.
 
Во однос на вакцините преку КОВАКС механизмот, министерот истакна дека тоа што го имаме добиено како информација од нив е дека 20 до 30 илјади вакцини ќе стигнат во првиот квартал. 
 
-Ги очекуваме вакцините да пристигнат во месец март, тоа се вакцини од производителот Астра Зенека. Интензивно, дополнително разговаравме и со претставниците на вакцината Спутник 5. Верувам дека во текот на оваа недела ќе имаме конкретни податоци, конечно и од најавите на претставништвото на Фајзер од Белград дека драфт договорот ќе пристигне каде што веќе се разработени сите детали. Имавме интензивна комуникација со размена на бројни документи, мислам дека тој процес е навистина заокружен. Тоа што сега се очекува во делот на Фајзер вакцината е да стигне драфт договорот од адвокатската канцеларија на оваа компанија која е сместена во Њујорк, рече Филипче. 
Министерот објасни дека со сите прозиводители на вакцини против Ковид 19, брзо одговараме, службата на правници во Министерството за здравство интензивно работи и е посветена екслузивно на таа работа.
-Компаниите имаат свои барања, многу често имаат барања да се расчистат многу прашања во однос на приемот, на одговорностите во делот на вакцините, така што тоа е еден процес којшто не важи само за нашата земја тоа е еден процес којшто важи буквално за секоја земја во светот. Тоа што секогаш ни го кажуваат од компанијата Фајзер тие така преговараат буквално со сите земји во светот. Во таа смисла и ние ги разбираме дека се преоптеретени меѓутоа мора сите тие работи да се расчистат. Во нашата стратегија за вакцинација се опфатени сите делови од приемот, чувањето, дистрибуцијата, системот е целосно спремен – рече Филипче.
 

Вакцинацијата со Фајзер одлично се одвива и околу 2400 здравствени работници се веќе вакцинирани. следната недела бројката ќе достигне до 4000 односно, вакцина ќе примаат сите здравствени работници кои работат со Ковид пациенти. Министерот објани дека и стручниот персонал која ја спроведува вакцинацијата, лекарите, медицинските сестри, аплицирањето на вакцините им стана рутина, иако вакцината Фајзер е малку специфична за работа, процесот на вакцниацијата се одвива без никакви пречки, објасни Филипче.