Филмска училница на Кинотека: Гледај филмови, учи и создавај

Сподели

 

Се ближи почетокот на Филмската училница на Кинотека. Проект за креативна едукација од областа на филмот и аудио-визуелното наследство, наменет за ученици од средните училишта, кој започнува на 23 ктомври.
 
Проектот е замислен како интерактивна филмска училница, каде учесниците ќе имаат можност да се запознаат со филмот и филмскиот јазик и ќе можат да креираат кратки филмски етиди, инспирирани од богата ризница на македонската кинематографија.
 
Доколку сакате да бидете дел од нашата филмска училница испратете е-маил со ваши податоци и кратко видео/автопортет (мак. 1 мин.) на filmskauchilnica@gmail.com
 
Филмските училници ќе се одвиваат секоја сабота, ќе има 5 школси часа кои ќе се состојат од предавања на различни теми, реализирани од филмолози од Кинотека и од филмски професионалци, како и проекции на филмови.