Полицискиот синдикат бара да е во приоритетниот план за вакцинација како лица изложени на највисок ризик

Сподели

 

Претседателот на Македониот полициски синдикат Д-р Марјан Кицев во име на членовите на Македонскиот полициски синдикат со писмено барање се обрати до Владата на Република Северна Македонија: До премиерот Зоран Заев, Министерството за здравство-Министер Венко Филипче, Министерство за внатрешни работи – Министер Оливер Спасовски, Директорот на Агенцијата за разузнавање –Директор Еролд Муслиу, Директорот на Агенцијата за национална безбедност  –Директор Виктор Димовски и Директорот на Управата за финасиска полиција –Директор Арафат Муареми  со следниот допис:

“Дозволете ми да Ви се обратам од името на членовите на Македонскиот полициски синдикат но и во името на сите вработени во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Управата за финансиска полиција и Агенцијата за разузнавање на Република Северна Македонија со конкретно барање:
 
Имено, како единствен репрезентативен синдикат во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Управата за финансиска полиција и  Агенцијата за разузнавање на Република Северна Македонија, со околу 8500 членови будно ја следиме состојбата со пандемијата на COVID-19, во нашата земја а притоа дозволете ми да потенцирам дека Македонскиот полициски синдикат во изминатиот период имаше интензивни активности активно вклучувајќи се во дистрибуција на заштитна опрема за своите членови т.е вработените во АР, МВР, АНБ и  УПФ, но и за сите оние вработени во погоренаведените институции кои не се синдикално организирани, од причина што во ваков драматичен период за нас како синдикат  безбедноста и здравјето на сите вработени е на прво место. Ваквата наша активност во неколку наврати од многу релавантни домашни и меѓународни институции беше признаена и поздравена како позитивен пример во справувањето со пандемијата, штитејќи ги безбедносните сили кои се први на удар од зараза од COVID-19, заедно со здравствените работници.
Од таа причина ние како Македонскиот полициски синдикат, бараме токму во овие моменти, кога државата го изготвува  во националниот план за имунизација и набавка на вакцини против Ковид-19, вработените во Агенцијата за разузнавање, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност и Управата за финансиска полиција АР, МВР, АНБ и  УПФ, Владата да ги планира во приоритетениот план за вакцинација како лица изложени на највисок ризик, односно нивната имунизација биде планирана во прва,та или најдоцна во втората фаза на имунизација, бидејќи вработените во безбедносните служби како вработени во едни од највиталните институции кои во изминатиот период ја покажаа  својата пожртвуваност, посветеност и несебичност во справувањето со пандемијата, изложувајќи се себе, но и изложувајќи ги и нивните семејства од зараза на COVID-19″, се наведува во соопштението на Македонскиот полициски сндикат.