Попладне се очекува невреме, дожд и град

Сподели:

Времето денска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град, информираат од УХМР.

Сподели: