Алтернатива Настани Спорт

Посебен режим на сообраќај во сабота поради натпревар „Триоги Триатлон“

Сподели:

 

 На 14 мај, во сабота, во периодот од 09.00 до 12.00 часот, поради натпревар „Триоги Триатлон“, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по одредени сообраќајници во Скопје.

Стартно-целната позиција на натпреварот е Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а натпреварувачите ќе се движат на дел од улиците околу СЦ„Борис Трајковски“ и по десната коловозна лента од бул.„Илинден“, потоа на потегот од крстосницата на бул.„8 Септември“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и обратно.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведените сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Сподели: