Повик за волонтери на „Паратисима Скопје 2017“

Сподели

Паратисима Скопје 2017 е интернационален саем за уметност посветен на поддршка и промоција на културата, уметноста и креативните индустрии, кој оваа година по четврти пат ќе се оддржи во Младинскиот културен центар (МКЦ) од 15ти до 17ти, јуни.

За негова реализација организаторите бараат помош од волонтери, кои ќе бидат дел од тимот во периодот од 11-20 јуни.

Тие ќе бидат ангажирани за местење на даски, пречекување гости, пуштање светло и слично. Но, организаторите ветуваат и одлична дружба.

Сите заинтересирани волонтери се поттикнуваат внимателно да ја прочитаат и пополнат кратката апликација на следниов линк.