Премиера на “ПОЕТРОНИКА” во МНТ

Сподели

 

ПРЕМИЕРА – ПОЕТРОНИКА, МНТ, 8 јуни

Поетроника е проект кој содржи избор на дела од македонското поетско творештво ставено во современ музички контекст. Покрај спецификата дека станува збор конкретно за македонско поетско творештво опфаќајќи ги хронолошки сите генерации поети, Поетроника се разликува од сите досегашни слични обиди во самиот пристап кон наративот и се труди да ги избегне стереотипите за тоа како се интерпретира и каква музичка форма прилега на едно поетско изразување. Така на пример, методологијата кон самата нарација е повеќе драмска што значи дека од примарно значење е намерата, поттекстот и емоционалната состојбата на поетот или нараторот преку еден минималистички разговорлив израз на сметка на дикцијата или клишеизираната мелодија/боја на гласот. Не ретко фразите стануваат и репетитивни како мантри што во суштина е една од основните карактеристики на современата електронска музика. Конечно, Поетроника претставува повеќе од едночасовен музичко-сценски електронски акт, односно перформанс во живо кој ќе биде изведен од страна на неговите творци, актерот Оливер Митковски и музичарот Андреја Салпе како резултат на нивната посветеност и повеќемесечно експериментирање.
 
Премиерна изведба: Четврток, 8 Јуни 2023
Времетраење: 75 минути // Пауза: Не // Сцена: Голема
Изведувачи: Оливер Митковски // Андреја Салпе
Музика: Андреја Салпе
Аранжман: Андреја Салпе // Оливер Митковски
Вокал: Оливер Митковски
Фотографија: Мартина Пенева
Графички дизајн: Оливер Митковски
Тон-мајстор: Ненад Трпеноски
Светло оператор: Дарко Младеновски
Билетите се пуштени во продажба онлајн преку www.mnt.mk и на билетарницата во МНТ.
*Цената на билетот за изведбите е 500,00 ден.