Сценограф: Васил Христов
Костимограф: Роза Трајческа-Ристовска
Користена музика: Крсте Роџевски
Избор на музика: Нела Витошевиќ
Идејно решение за плакат: Борче Димитриоски
Низ повеќе сцени инспирирани од лични монолози на актерите, анонимни искуства на лица добиени преку распишан повик, како и документарен медиумски материјал, претстава ги подвлекува/става акцент на проблемите поврзани со депресијата, траумите од детство, дискриминацијата, злоставувањето и насилството, религијата, агресијата и нетолеранцијата како и разни психолошки проблеми и однесувања со кои поединецот секојдневно се соочува. На траги-комичен начин претставата прави критика на балканското патријахално миље, но истовремено провоцира и разговор за промена во општеството. Публиката ќе биде вовлечена во свет на лични сеќавања кои се испреплетуваат со човечки болки, трауми, стравови и среќни моменти од животите на разни луѓе. Интимноста, искреноста и и вистинистоста на сведоштвата, се главно ткиво на оваа документарна претстава.
Во повеќемесечниот процесот на проби и собирање приказни, секој член подеднакво се вложи во истражувањето/создавањето на документарниот материјал и неговата драмска структура. Во таа смисла драмскиот текст на оваа претстава е симбиоза на екипното создавање помеѓу членовите на екипата и сите анонимни учесници.
Претставата е во продукција на WONDERLAND THEATER, и во ко-продукција со МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР. Проектот е финансиран од Швајцарска амбасада на Република Северна Македонија, а поддржан од Министерство за култура на Република Северна Македонија.
Изведувач на сценографијата: Татјана Блажевска – Христоска
Светло – мајстори: Дарко Младеновски и Игор Ѓеоргиев
Тон – мајстор: Ненад Трпеноски
Реквизитер: Снежана Грнчаревска
Гардеробери: Валентина Чонкова и Скендер Бериша
