Пријавени 1.300 учесници за HalkEco Скопје Трча 10км

Сподели

 

На 8 мај 2022, ќе се одржи уличната трка HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ. Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје (кој е организатор на Виз Ер Скопски Маратон и Авицена Женска Трка), во соработка со А.К.Работнички. Насловен спонзор на HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10КМ е HalkBanka, а покровители Агенцијата за Млади и спорт и Град Скопје.

Бројката од 1.300 учесници, на која е лимитирана оваа трка, е веќе пополнета. Оваа бројка на пријавени учесници е уште еден доказ дека граѓаните се грижат за своето здравје, истовремено истакнувајќи го својот натпреварувачки дух.                                                                                                

Патеката на движење: Стартот на трката е во 09.00 часот пред фонтана „Лотос“, се трча во правец кон Карпош 4 до крај на Бул. Илинден и се врти лево за да се излезе на улицата „Никола Парапунов“. Потоа се трча до крај на улицата каде на семфорите се врти десно и се излегува на Бул. Партизански Одреди. Од тука се трча до мостот „Влајко“ каде се врти полукружно и во истата коловозна лента се трча до семафорите пред „Сити Мол“. Се продолжува полукружно во истата коловозна лента и се трча по Бул. Партизански Одреди до вкрстувањето со улицата „Никола Парапунов“, каде се врти десно. Од улицата „Никола Парапунов“, се трча до крај, па се врти десно на Бул. Илинден сѐ до целта кај фонтаната „Лотос“.

Подетални информации околу трката, натпреварувачите можат да најдат на официјалната страна на HalkEcoСкопје Трча 10КМ www.skopje.run.