Прилеп: Меѓународен карневал „Прочка“

Сподели

Прилепскиот карневал се одржува по 16. пат, а годинава ќе се одржи и првата научна конференција „Обреди и фестивали под маски на Балканот: традиција, состојба, тенденција“, на која ќе се пријавени учесници од Србија, Бугарија и Македонија, а реферати ќе имаат етнолози од Словенија, Хрватска и од Грција.

На конференцијата ќе се истакне улогата на маската и маскирањето како дел од културната историја и наследството на Балканот низ вековите, а материјалот од конференцијата ќе биде испечатен и издаден од општината заедно со Институтот за старословенска култура кои ја организираат.

Прилепскиот карневал е влезен во Европската асоцијација на карневалски градови и е во организација на локалната самоуправа и Здружението „Прилепски мечкари“.

В недела од 13 часот е дефилето на маските кои стручна комисија ќе ги оценува и ќе ги избере најдобрите.

Организаторите најавуваат околу 1.000 маски на учесници од Македонија, Албанија, Србија и Бугарија. Традиционално, карневалските настани завршуват в понеделник со посен ручек.