Пристигна и втората пратка на вакцини од Србија за Македонија

Сподели

 

Денеска пристигна и втората пратка на вакцини од Србија.

“Со овој чин на пријателство и добрососедство, а на иницијатива на премиерот Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ги вакцинираме сите здравствени работници кои работеа и работат со КОВИД пациенти” – изјави министерот Филипче.

“Досега 1.300 се вакцинирани и целата количина од 8.190 дози ќе биде доволна за нашите херои кои една година се во првите редови во борбата со вирусот. Се заблагодарувам на целиот српски народ, нашата меѓувзаемна грижа и поддршка продолжува и понатаму”, додаде Филипче.