Вести Македонија Ударни вести

Села: Интерпелација за министерот Спасовски за боливудската режија за Мијалков

Сподели:

 

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива поднесе  интерпелација за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за вчерашниот скандал со бегството на  Сашо Мијалков. 

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива на денешната прес конференција ќе го поддржат и предлогот за довеба на Владата, и за ново парламентарно мнозинство.

– Два дена се прави театар. Исчезна Мијалков, па се појави и кажа дека имал температура. Една ноќ претходно цело семејство, синовите, не знаат каде е татко им, а најскандалозно е дека Сашо Мијалков доби домашен притвор. Тоа е доказ за договор меѓу Мијалков и Заев. Тоа е доказ дека сите актери кои правеа сценарија за 27 април сега се заедно со владата – изјави Зијадин Села.

Сподели: