
За најдобра атлетичарка беше прогласена Дрита Ислами од АК Работнички, која на Европското екипно првенство во дисциплината 400 метри со пречки по втор пат успеа да го собори сениорскиот рекорд и се пласираше на првото место.
За најдобар атлетичар беше прогласен Дарио Ивановски од АК Делта, кој е Балкански Шампион во дисциплината на 3.000 метри во сала и има соборени 10 национални рекорди.
За најуспешни млади атлетичари беа прогласени Михаела Лазаровска од АК Центар и Адријан Исмаили од АК Камјани. Кај останатите помладите спортисти признанија добија Ана Божиновска од АК Центар и Владимир Битољану од АК Работнички.
